Лавров: Во Европа повторно оживува идеологијата на нацизмот

Претставници на европските земји го користат украинскиот конфликт за да ги саботираат напорите на Соединетите Американски Држави, како и на сите поддржувачи на праведно решение, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе „En.ru“.

„Европа ја користи украинската криза за да се потврди, да подметнува клинови во тркалата и да кова заговор против Соединетите Американски Држави и сите оние кои сакаат праведно решение“, рече Лавров.

Тој предупреди дека во земјите на ЕУ повторно оживува идеологијата на нацизмот.

„Најтажното и најопасното во врска со ова е што во Европа, меѓу овие елити, пред сè во Брисел, но и во престолнини како Берлин, Лондон, Париз, а да не ги спомнуваме балтичките земји, оживува теоријата и практиката на нацизмот“, истакна шефот на руската дипломатија.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, минатата недела ги повика европските земји да ја зголемат воената потрошувачка со цел да продолжат да „вршат притисок врз Русија и да ги поддржуваат напорите за завршување на конфликтот во Украина“.

Лавров претходно изјави дека Русија и Соединетите Американски Држави ги решиле недоразбирањата што настанале по средбата на лидерите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, во август на Алјаска, благодарение на неодамнешните разговори во Кремљ меѓу рускиот претседател и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, пренесува Танјуг.

Лавров нагласи дека Вашингтон покажува интерес за вистинска анализа на причините за украинската криза и дека Русија и САД се договориле за заеднички пристапи кон украинското решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот