„Лавовите“ во земаа скалпот на Шкупи, убедлив триумф на А. Пандев против Работнички

„Лавовите“ го совладаа лидерот на табелата Шкупи/фото: ФК Македонија ЃП

Актуелниот лидер на табелата Шкупи е поразен на гостувањето кај Македонија ЃП со 2:1, но сепак остана на првото место на табелата со 29 бода, четири повеќе од Академија Пандев.

Тимот кој го предводи Гоце Седлоски беше во серија од шест победи по ред во првата фудбалска лига, но денеска потклекна пред „лавовите“.

Вистински херој на Македонија ЃП е Кристијан Филиповски кој победичкиот гол го постави во втората минута од судиското продолжение. Претходно, резултатот го отвори Адем во 67 минута, а Шкупи израмни четири минути подоцна преку Ѓорѓиевски.

Киксот на Шкупи го искористи Академија Пандев која славеше со убедливи 3:0 на гостувањето кај Работнички. Со триумфот, пандевци се приближија на четири бодови од лидерот на табелата Шкупи.
Победникот на средбата која се играше на Националната Арена „Тодор Проески“ беше решен уште во првото полувреме кога пандевци ги постигнаа сите три гола.

Гостите резултатот го отворија уште во седмата минута преку Ване Крстевски, а во десеттата минута Мартин Мирчевски зголеми на 0:2. Конечниот резултат го постави Мирчевски со својот втор гол во последните моменти од првиот дел.
Во тетовското дерби, шампионот Шкендија со голот на Сидрит Гури во 23 минута славеше над Ренова.

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 13. КОЛO

Брегалница – Скопје 2:1
Македонија ЃП – Шкупи 2:1
Пелистер – Струга 0:1
Работнички – Академија Пандев 0:3
Ренова – Шкендија 0:1
Тиквеш – Борец 2:1

ТАБЕЛА: Шкупи 29, А. Пандев 25, Ренова 22, Брегалница 22, Шкендија 21, Струга ТЛ 19, Работнички 18, Македонија ЃП 17, Скопје 16, Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот