Лара Гут-Бехрами го користи отсуството на Шифрин во Светскиот куп

фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Лара Гут-Бехрами славеше во велеслаломот во Солде благодарение на брилијантното второ возење – таа беше деветта по првото, а 32-годишната швајцарска скијачка на крајот победи за 1:01.70 минути.

Ова е 43 победа на Гут-Бехрами на Светскиот куп, надминувајќи ја Ања Персон за шестото место на вечната листа.

Марта Басино и Федерика Брињоне, водечкото дуо по првото возење останаа без подиум. Алис Робинсон од Нов Зеланд беше втора со само една стотинка заостанување, а третопласираната Еј Џеј Харт од САД заостана 15 стотинки.

Микаела Шифрин моментно не настапува поради повреда, а според најавите се очекува наскоро да се врати на патеките. Сега падна на второто место во генералниот пласман, а Лара Гут има пет бодови повеќе (1.214). Брињоне е трета со 928 бодови.

Гут-Бехрами исто така е прва во генералниот пласман за велеслалом со 685 бодови, втора е Брињоне со 550, а трета Сара Хектор со 481.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот