Лани Владата потрошила околу 26 милиони денари за патувања и ресторани

Илустративна фотографија / Архива на СП

Од денешниот брифинг со новинарите на министерот Љупчо Николовски се очекува да стане појасно колку од средствата се оправдано потрошени и дали можеле функционерите да потрошат помалку. 

Дневниците за патувања во странство на владините функционери, авионските карти, хотелските сместувања и ресторанските услуги во 2019 година го олесниле државниот Буџет за 25.823.276 денари или за околу 420.000 евра.

Најмногу потрошиле премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за евроинтеграции Бујар Османи, или тројцата вкупно потрошиле 7.348.216 денари, односно околу 120.000 евра.

Најштедлив во 2019 година бил министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој за цела година потрошил само 10.376 денари. Меѓу оние кои најмалку трошеле е и актуелниот министер за здравство Венко Филипче, кој во 2019 година потрошил 97.297 денари.

Потпретседателот на Владата за борба против корупција за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, од кого граѓаните очекуваат да ја намали корупцијата и расипничкото трошење на владините функционери, во 2019 бил меѓу поштедливите и потрошил 354.030 денари.

Министерството за надворешни работи потрошило 4.141.565 денари, Секретаријатот за европски прашања потрошил 2.556.114, додека Министерството за одбрана потрошило 1.407.092 денари.

Најмалку средства од Буџетот за 2019 година по основ на патувања и ресторански услуги повторно потрошило Министерството за транспорт и врски, само 72.366 денари.

Сепак, останува нејасно каква е ситуацијата во пониските ешалони, колку трошат директорите на јавните претпријатија и многуте агенции кои функционираат.

Од денешниот брифинг со новинарите на министерот Љупчо Николовски се очекува да стане појасно колку од средствата се оправдано потрошени и дали можеле функционерите да потрошат помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот