Лајен: „Фајзер“ мора да ја адаптира вакцината на новиот сој омикрон

Вакцинација против коронавирусот во Франција
Вакцинација против коронавирусот во Франција / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

„Фајзер“ мора да ја адаптира својата вакцина против коронавирус на новиот сој омикрон во рок од 100 дена, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Рига.

Заложбата за адаптација на вакцината е вклучена во третиот договор со „Фајзер“, со кој Европската комисија најави уште 1,8 милијарди дози од лекот.

– Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус, нагласи претседателката на ЕК.

Таа додаде дека во исто време Европа треба да ги засили вакцинирањето и санитарните услови.

Лајен наведе дека се планира формирање на Центар за анализа на состојбите на полето на пропаганда и хибридни закани.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека новиот сој омикрон се шири побрзо и може да биде поотпорен на вакцините.

Извор: МИА

Омикрон е голем ризик за Европејците, суспендирани летовите од Африка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот