Омикрон е голем ризик за Европејците, суспендирани летовите од Африка

Патување во време на коронавирус
Патување во време на коронавирус / Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Омикрон, новооткриената варијанта на коронавирусот што вчера беше регистрирана на европскиот континент , се заканува сериозно да ја загрози Европа. На европско копно омикрон, мутираниот ковид , го донеле патниците на двата авиони кои слетале во Холандија од Јужна Африка, а набргу потоа бил откриен и во Германија. Од таа причина, се повеќе земји одлучуваат да ги прекинат летовите со африканскиот континент.

Во Јужна Африка откриен нов корона сој/ Фото: МИА

 

Што знаеме досега?

Новооткриениот вид на Омикрон беше откриен во Јужна Африка и вчера беше регистриран во Белгија .
Тој е многу позаразен од сите досега откриени варијанти, бидејќи има способност за голем број мутации.

Постои загриженост дека вакцините, кои се дизајнирани да го спречат оригиналниот вид, можеби нема да бидат толку ефикасни во случајот со омикрон.

Во текот на денот е потврдена инфекција кај 61 патник кои се вратиле од Јужна Африка во Холандија, а два случаи на заразени со овој сој се регистрирани во Велика Британија и по еден во Германија и Чешка.
Соединетите Американски Држави, Канада, Австрија, Бразил и повеќето земји-членки на Европската унија го прекинаа воздушниот сообраќај со африканските земји.

 

Фаучи: Не би бил изненаден ако омикрон веќе е присутен и во САД

Д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, изјави дека „не би бил изненаден“ доколку варијантата омикрон веќе е присутна во Соединетите држави.

Во изјава за NBC News, главниот медицински советник на претседателот Бајден оцени дека случајот со новиот вид во САД допрва треба да се потврди, но додаде дека ништо не може да го изненади.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден изјави дека од следната недела ќе го забрани влезот на патниците кои доаѓаат од осум јужноафрикански земји поради загриженост во врска со појавата на нов вид на корона вирус, откриен во Јужноафриканската Република. .

Јапонија и Јужна Кореја ги ограничуваат пристигнувањата на патниците од осум африкански земји

Јапонија и Јужна Кореја соопштија дека ќе ги ограничат пристигнувањата од Јужна Африка и седум други африкански земји поради загриженост за новата варијанта на Ковид-19 идентификувана во регионот.

Јужнокорејската агенција за контрола и превенција на болести соопшти дека од утре, 28 ноември, ќе го ограничи издавањето визи за граѓаните од осум земји во Јужна Африка, додека јужнокорејските државјани кои се враќаат од регионот ќе бидат во карантин.

 

Омикрон е голем ризик за Европејците

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека новиот вид на коронавирус, наречен омикрон, претставува висок до многу висок ризик за Европејците и ги повика луѓето да не патуваат во областите каде се регистрирани случаи на појава од новиот мутиран вирус.

Од 600 патници од двата авиони што слетаа во Холандија од Јужна Африка, 61 од нив биле позитивно тестирани за нов вид на коронавирус. По добивањето на резултатите, холандските власти ги забранија сите патувања од јужна Африка.

Два случаи на омикрон сој на коронавирус се откриени во Велика Британија, соопшти министерот за здравство Саџид Џавид.

Германскиот државен министер за здравство предупреди дека варијантата омикрон „многу веројатно веќе пристигнала“ во Германија, бидејќи мутациите кои се карактеристични за таа варијанта биле откриени кај патник кој се враќал од Јужна Африка.

 

Чешка и Унгарија веќе започнаа со испитување на нови случаи, Италија Словеднија и Хрватска ги суспеднираа летовите од африканските држави каде има регистрирана инфекција од мутацијата омикрон.

 

Научници: Омикрон потекнува од некој што бил заразен со корона

Научниците велат дека е можно омикрон да потекнува од некој кој веќе бил заразен со коронавирус, како што беше случајот со британскиот (алфа) сој, кој беше создаден од вирусот кој мутирал кај лице со нарушен имунитет.

 

Постојат 30 мутации

Светската здравствена организација соопшти дека првичните докази покажуваат дека дури и оние кои веќе имале ковид може да се заразат со омикрон.
Омикрон има 30 мутации во него што објаснува зошто толку лесно се шири.
Вирологот Лоренс Јанг го опиша омикронот како сој на вирусот кој има најмногу мутации досега, вклучително и оние кои не се видени досега.

Најголем број од заразените се млади лица

Во Јужна Африка се регистрирани 2.828 нови случаи на варијанта омикрон. Повеќето од нив се млади, што ја зголемува загриженоста кај здравствените работници низ целиот свет .

 

Модерна развива нова вакцина

Модерна објави дека има намера да развие засилена доза на антикоидна вакцина специјално насочена кон нов вид на омикрон, откриен во Јужна Африка и опишан од Светската здравствена организација како „загрижувачки“.

 

Зошто е прескокната буквата „xi“?

Одлуката за именување на варијантата го привлече вниманието на многумина, со оглед на тоа што беа прескокнати две букви од грчката азбука, што доведе до шпекулации дека СЗО донела одлука да го избегне гневот на Кина, поточно буквата „кси“ (гзај / ksaj) и секоја алузија на кинескиот претседател Кси („Кси“ на англиски) Џинпинг.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот