„Ла Лига“: Виљареал само го налути Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Јорганџиите“ предводени од тренерот Диего Симеоне со пресврт дојде до три важни бода во битката за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Вечерва во 25. коло од „Ла Лига“ составот на Атлетико Мадрид успеа пред своите навивачи на „Ванда Метрополитано“ да го совлада Виљареал (3:1).

Во 16. минута поведоа гостите со голот на Алкасер, а непосредно пред финишот на првото полувреме намалија домаќините преку Кореја. Во вториот дел пресвртот на „јорганџиите“ беше реализиран благодарение на Коке (64`) и Жоао Феликс (74`).

Со овој 11. триумф сезонава во најсилното шпанско фудбалско првенство играчите на Симеоне се искачија на третото место за моментни 43 бодови.

Во останатите четири мечеви од неделната програма: Осасуна-Гранада 0:3, Алавес-Атлетик Билбао 2:1, Ваљадолид-Еспањол 2:1, Хетафе-Севиља 0:3

Табела: Барселона 55 бодови, Реал Мадрид 53, Атлетико Мадрид 43, Севиља 43, Хетафе 42, Реал Сосиедад 40…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот