Квалификации ЕП: Турските ракометари во последните секунди до победа над Луксембург

фото: EPA-EFE/PIOTR NOWAK

Започна третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија.

Во нашата група „1“ денеска репрезентацијата на Турција минимално со конечен резултат 29:30 славеше на гостувањето кај Луксембург.

Во еден неизвесен натпревар до самиот крај, Турците во последните секунди со голот на Пехливан ја забележаа првата победа во квалификацискиот циклус.

Со шест голови кај домаќините најефикасен беше Торонзели со шест голови, а на спротивната страна истиот учинок го имаше Хаџиоглу.

Колото ќе биде комплетирано в четврток (19.00 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ најдобрата македонска репрезентација во дербито на групата ќе ги одмери силите со Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот