Квадрат од 990 на 8.735 евра, „врескаат“ цените на поновите станбени комплекси во Белград!

Сплавови Белград/ Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Цените на становите во поновите станбени комплекси се движеа, во просек, од 1.350 евра за квадрат во Крагуевац до 4.430 евра за метар квадратен, што во просек ги плаќал новиот сопственик на стан во овие комплекси во Белград.

Инаку, според податоците на Републичкиот геодетски завод за последниот квартал од 2023 година, ценовниот распон е многу поголем анализира Н1. Кварталниот извештај на РГЗ покажува дека становите во новоградбите во станбените комплекси се продавале по цени кои се движат од 990 евра, што е најевтиниот квадрат во населбата Санивил во белградската општина Палилула (населба Вишњичка бања), до 8.735 евра, што е цената платена за најскапиот квадрат во Белград на вода. Најскапиот квадрат во споменатата населба Санивил е продаден за 2.258 евра, додека стан во Белград на вода не може да се купи за помалку од 3.050 евра.

Податоците на РГЗ покажуваат дека во последните три месеци од минатата година се продадени вкупно 543 станови во 15 станбени комплекси на подрачјето на Белград, Земун, Нови Сад и Крагуевац. РГЗ Најмногу станови се продадени во Белград на вода – вкупно 112, по просечна цена од 4.430 евра. По бројот на продадени станови во комплекси следи веќе споменатиот Санивил каде 87 купувачи потпишале купопродажни договори, по просечна цена од 1.860 евра за метар квадратен. Меѓутоа, кога се во прашање најскапите квадрати, „на пети“ на Белград на вода е станбениот комплекс Нови Дорќол во Белград, каде цените за метар квадратен се движат од 3.705 до 5.025 евра. Овде 35 стана добија нов сопственик, по просечна цена од 4.308 евра за метар квадратен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот