Курти вели дека медиумите погрешно го пренеле Гренел: Односите со САД се најдобри досега
Премиерот на Косово, Аљбин Курти, денеска првпат одговори на критиките од некогашниот специјален пратеник на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој пред неколку дена го нарече косовскиот премиер „несигурен партнер“ за Вашингтон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според Гренел, кој сега е специјален претставник за мисии на американскиот претседател Доналд Трамп, Владата на Курти „не инспирирала доверба за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, ниту за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден“. Тој додаде дека и републиканците и демократите го критикувале Курти за повлекување на едностраните потези насочени кон дестабилизација на регионот. Гренел рече и дека Курти се обидува да се претстави како близок до САД, но дека неговата реторика е лажна.
Курти во интервју за косовските медиуми вели дека односите помеѓу Косово и САД во моментот се на највисоко ниво од прогласувањето на независноста.
Според него, коментарите на Гренел „повеќе се резултат на медиумски интерпретации отколку на директни изјави“.


