Курти од Атина побарал признавање на Косово: Ние имаме долга заедничка историја

Албин Курти / Фото: ЕПА

Премиерот на Косово, Албин Курти вчера имаше состанок со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина, каде како што пренесе владата на Косово, тој побарал од Грција признавање на независноста на неговата земја.

Како што пренесуваат приштинскиот Зери, Курти му се заблагодарил на Мицотакис, велејќи дека „Грција во последните месеци дала силна поддршка за влегувањето на Косово во меѓународните организации“.

Курти препорачал дека Атина и Приштина мораат да ги зајакнат меѓусебните односи поради како што вели тој „долгата заедничка историја, чија цел е мир и безбедност на Балканот“.

Мицотакис, како пренесуваат косовските медиуми, ја потврди посветеноста на Грција околу зајакнувањето на односите меѓу Атина и Приштина, кои би донеле „промовирање на идеите на европските перспективи на Западен Балкан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот