Куршумот одел ДИРЕКТНО во срцето, но МАЛА БИБЛИЈА му го спасила животот: Боливиски полицаец среќно останал жив (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Мала библија му го спасила животот на еден полицаец од Боливија, кој демонстрантите го пукале во гради.

Полицаецот рекол дека „чудесниот“инцидент се случил вчера кога во градот Јапакани демонстрантите пукале во него.

Оскар Гутиерез, шеф на Специјалната единица за борба против злосторства, рекол дека куршумот кој бил истрелан кон полицаецот доаѓал од оружје кое било украдено од полицијата.

Насилството избувнало помеѓу поддржувачите на сега веќе поранешниот претседател Ево Моралес и полицијата во главниот град на Боливија, Ла Паз, но и во уште неколку градови ширум земјата, каде можело да се види како силите на режимот користеле солзавец и ракети истрелани кон полицајците.

Конфликтите се случиле само неколку часа откако новата привремена претседателка Џанин Ањез и нејзиниот нов персонал во средата ја положиле заклетвата.

Речиси 450 милји подалеку, во општината Јапакани, во источниот боливиски регион Санта Круз, полицијата соопштила дека се обидува да воспостави ред за време на протестите.

Полицајците се обидувале да се ослободат од блокадата на автопатот, кој го окупирале демонстранти, кои наводно се од групата на поддржувачи на Моралес.

Гутиерез рекол дека полицаецот бил погоден во левиот дел од градите и дека „мала Библија го запрела проектилот“.

– Тој е млад полицаец кој сега е жив по некое чудо, откако беше погоден од проектил, претпоставувам дека е со калибар од 9 милиметри, а знам дека оружјето кое е користено е украдено од боливиската полиција – рекол Гутиерез.

По овој инцидент, полицаецот бил испратен во градот Санта Круз, каде ќе биде подложен на медицински прегледи, но се очекува да се врати на работа, бидејќи не доживеал повреда, пренесуваат локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот