Куп на солидарноста, фудбалските гиганти ќе играат за вистинските херои

Реал Мадрид, Баерн Минхен и Интер ќе играат пријателски натпревари меѓу себе, а целиот приход од влезниците ќе биде наменет за здравствените институции.

Европските фудбалски гиганти, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Интер во 2021 година ќе играат неколку пријателски натпревари со цел да се соберат финансиски средства за здравствените институции и медицинските лица кои се на првите линии во битката со пандемијата на коронавирусот.

„Европски куп на солидарноста – фудбал за хероите ќе се игра во 2021 година со цел да испратиме заедничка порака на солидарноста и истакнување на важноста на поврзаноста помеѓу европските земји, како и за собирање на конкретна помош за медицинските работници и болници“, објави Интер.

Точниот датум на одржување на турнирот ќе биде познат кога ќе бидат познати и календарите за натпреварии подготовки на екипите но и кога ќе биде дозволено навивачите да се вратат на стрибините.

– Пандемијата силно ја погоди целата планета. Големата пожртвуваност на медицинските лица беше пресудна да за можеме да гледаме кон иднината. Со оваа иницијатива сакаме да им се заблагодариме и да ја поздравиме нивната работа, а во исти време да испратиме порака за единство и солидарност помеѓу народите – изјави претседателот на Интер, Ситвен Жанг.

Натпреварот помеѓу Интер и Баерн би се играл во Милано, во Мадрид би играле Реал и Интер, додека во Минхен ќе се сретнат Баерн и Реал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот