Кумановец управувал возило со украдени таблички

Полиција / Фото: МИА

Вчера околу 14 часот и 30 минути полицијата го привела четириесет и седумгодишниот Љ.М од Куманово кој управувал возило со украдени таблички.

„На 19.09.2023 во 14.30 часот во реонот на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Љ.М.(47) од Куманово. При контрола на патничко возило „крајслер“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, а кои биле пријавени за украдени во Полициската станица Драчево. Возилото било одземено и за настанот бил известен јавен обвинител“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот