Куман му ја кажа реалноста на Лапорта: Не можеш да очекуваш повеќе со овие играчи

Роналд Куман засега ја има поддршката од претседателот на Барселона Лапорта/Барселона, Шпанија/8 август 2021/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одлучи барем засега да го остави Роналд Куман на клупата иако резултатите се далеку од посакуваните. Каталонскиот тим се наоѓа на деветтото место во Ла Лига, а во Лигата на шампионите има два порази во првите две кола.

Во последниот натпревар, изминатиот викенд Барселона е поразена со 2:0 во дербито против Атлетико Мадрид. Денеска Лапорта имаше состанок со тренерот Роналд Куман кој според шпанските новинари му ја кажал реалноста.

Не можеш од мене да очекуваш повеќе со овие играчи кои моментно ги имам на располагање – биле зборовите на Куман.

Со ова, Холанѓанецот уште еднаш ги обвини фудбалерите за неуспесите, пишуваат шпанските новинари. Згора на тоа, според него виновен за поразот од Атлетико Мадрид е Нико Гонзалес, момче од 19 години на кого ова му е прва сезона како член на првиот тим на Барселона.

– Не можеме да оставиме толку простор кога ќе ја загубиме топката. Зборувавме за тоа, во средниот ред играчите мора да ги маркираат своите противници, а Нико го остави Лемар потполно сам – зборуваше Куман по натпреварот.

Куман се наоѓа пред отказ иако Лапорта засега му дава поддршка која ќе ја снема во оној момент кога првиот чивек човек на Барселона ќе најде соодветна замена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот