Куклена претстава „Реткото момче и зборливото балонче”, по повод меѓународниот Ден на ХАЕ

Во близина на мобилната галерија во Градскиот парк денеска ќе се одржи куклена претстава „Реткото момче и зборливото балонче”, по повод меѓународниот Ден на ХАЕ – 16 мај, со цел на забавен начин да им се доближат на најмалите чувствата кои ги имаат децата со ретката состојба и битките, но и начинот на кој излегуваат на крај со својата ситуација.

Настанот е организиран од страна на Здружението на пациенти со хередитарен ангиоедем (ХАЕ) Македонија  во соработка со „Тактус” – Здружение за развој на културно уметнички вредности.

Здружението ХАЕ Македонија деновиве низ неколку активности сака да ја зголеми свесноста за оваа ретка генетска состојба. Шеснаесетиот ден во месецот мај во 2012 година беше прогласен за меѓународен Ден на ХАЕ, па така низ многу активности насекаде низ светот, токму на овој ден се зголемуваат можностите за запознавање со ова ретко и потенцијално животозагрозувачко заболување.

– Со цел подигнување на свесноста за ХАЕ во регионот, Здружението ХАЕ Македонија организира изработка на албум во кое учество зедоа повеќе држави од Југоисточна Европа. Насловот на албумот „ Во секое лошо има нешто добро (Every cloud has a silver lining)” на симболичен начин прикажува дека да се има дијагноза не е најстрашното што можело да се случи и дека и покрај предизвиците, сите во оваа битка сме се соочиле и со позитивни страни на нашите приказни, запознавање на силни и единствени луѓе, среќавајќи и други борци кои ни биле инспирација, продолжувајќи ја битката за некој друг, посочија од Здружението ХАЕ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот