Кубанците се на нозе, власта тврди: Немирите се „лага”, а фотографиите од протестите се „лажни”

Фото: EPA-EFE/MARISCAL

 Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел на денешниот митинг во Хавана заедно со Раул Кастро, ги осуди протестите и ги оцени како „лага”.

– Она што светот го гледа од Куба е лага, истакна Дијаз-Канел, при тоа осудувајќи го ширењето „лажни фотографии” на социјалните мрежи, каде „се охрабрува и велича бесот и уништувањето на имотот”.

Тој вчера изјави дека САД не успеале во напорите да ја уништат Куба. Неговата изјава уследи еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден наведе дека Куба е „пропадната држава која ги угнетува своите граѓани”.

За време на претходноиот викенд илјадници Кубанци протестираа незадоволни поради влошената економска состојба, недостиг на храна и лекови, високите цени и начинот на кој Владата се справува со пандемијата.

ФОТО: Насилните протести во Куба ја зедоа првата жртва

Кубанските власти за протестите ги обвинија „американските платеници”.

Неколку држави и Обединети нации ги повикаа кубансклите власти да им дозволат на граѓаните мирно да го искажат своето мислење, додека Мексико побара САД да укине дел од санкциите кон Куба.

Светот поделен околу новата „кубанска криза“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот