33.8 C
Скопје

Крв, нафта и валкани пари

Се разбира, фашистите не ги измислиле милитаризамот, ксенофобијата, етнонационализамот и антикомунизмот, односно антиболшевизмот. Овие малигни општествени карциноми биле дел на различни политики во многу општества, односно биле специфичен и исклучително влијателен десничарско-националистички вид на размислување, верување и однесување.

Меѓутоа, овие ретроградни идејни и општествено-политички тенденции, нашле на многу плодното тло во Европа во минатиот век и се споиле во една специфична форма на политичка идеја и пракса, која со општо име се нарекува фашизам.

Дури и денес оваа фашистичка лудачка политика и идеологија, натопувана со човечка крв, нафта и валкани пари од разни капиталистички извори е жива и витална на сите страни од светот. Секако, под разни форми и разни имиња, како што беше и во минатото.

Бесрамна супремација

Така на пример, пред скоро време станаа актуелни таканаречените „бели супрематисти“ од Соединетите држави. Тоа се приврзаници на идеологијата за зачувување на доминацијата на белците над црното население. Всушност, самиот поим супремација значи надмоќ и е особина на оној што сам себе се смета за „поголем“, „позначаен“ и доминантен над другите, над поинаквите од него. Оттука, нема дилеми дека супрематисти, прикриени или јавни, свесни или несвесни, се мноштво луѓе околу нас.

Супрематистите, наши или туѓи, сеедно, ја напаѓаат идејата за еднаквост и рамноправност на сите нивоа: и во економијата, и во историјата, и во социо-политичката сфера, па дури и на едно персонално ниво како „нивелизаторска глупост“, оти на сите им е „јасно“ дека постојат „способни“, „поспособни“ и „исклучителни“ поединци. Политика на супремацијата во светски рамки, јавно и бесрамно, ја спроведува Вујко Сем, но тоа во јавноста малку се експонира, бидејќи тој е газда на многу поединци, политички партии и движења, фабрики, весници, телевизии и на сета интернет комуникација, газда е на цели држави, на најсмртоносните авиони, дронови и нуклеарни бомби.

Тој вид геополитичка и големодржавна супремација, слободно може да се окарактеризира како идејна и практична фашизоидна политика, оти се раководи од сфаќањето за нечија предодреденост да поседува некаква врховната власт и да има неприкосновен економски, политички, воен, па и културен авторитет, а во меѓународните односи да настапува од позиција на непореклива доминација врз други државно-правни и политички субјекти.

Фактички, ова е само нова, модернизирана форма на она британска колонијална политика на акултурација, која значела „модернизација“ на потчинетите примитивни, некултурни и нецивилизирани поданици, преку насилно или пропагандно наметнување на, за нив туѓи, културии, економски, политички и религиозни сфаќања и начини на организација на животот. Впрочем, супрематизмот идејно стои сосема блиску до наци-фашистичката теорија за ариевската раса.

Идеолошки инквизитори

Многумина кај нас, од редовите на самопрокламираната „евроатланската елита“, сметаат, и тоа често тоа јавно го пропагираат, дека Македонците и оснататите жители што живеат во македонската држава, не се способни „за демократија“, дека не се доволно „интелектуално“ и „цивилизациски“ издигнати за еден таков софтифициран систем како што е либералната „демократија од западноевропски тип“, па сметаат дека ни е потребна акултурација која ќе нè „цивилизира“.

Овие одвратни безмозочни полтрони, кои истовремено се главните идеолошки инквизитори кај нас, заради сопствениот финансиски интерес и сопствената безгранична глупавост, се, или отворени, или прикриени, приврзаници на фашизоидниот супрематизам, па се застапуваат за беспоговорна покорност и поддршка на антихуманата евроатланска воено-економска доминација и капиталистички корпоративизам.

Ова е, всушност, своевидно идеолошко „салтомортале“, бидејќи дел од нив се самоперцепираат како „националисти“ на кои татковината им е „над сè’“, а дел се самодекларираат како „левичари“. Ваквата масовна идеолошко-политичка перверзија, укажува на тажниот факт дека живееме во многу несреќно време, во кое индивидуата може да се претвори во мизерен фашизоиден адепт, а општеството може да оди бавно наназад, како рак, и да инволуира до робовладетелство. Без дилеми, потребна ни е екстирпација на овие конзумтивни уништувачи на државниот суверенитет и националниот суспстрат, за да може сите ние кои тука сме останале и не мислиме никогаш да си заминеме, да преживееме.

Поврзани вести

Да бидеме отворени без оглед на минатото

Владимир Путин

Диктатурата е подобра од демократијата?

Џабир Дерала

Македонија пред крстопатот на ЕУ

Ивица Челиковиќ

Пандевијата заврши, Горан може мирно да заспие!

Милорад Стојмановски

Добро утро џезери

Ѓорѓе Краишник/Ослобоѓење

Не ни е потребен Г7

Џефри Сакс

Остави Коментар