Кризниот штаб предложи полицискиот час да почнува од 23 часот, а угостителите да работат до 22.30

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На денешниот состанок на Централниот кризен штаб било предложено полицискиот час од среда да почнува од 23 часот, а летните тераси на угостителските објекти да бидат отворени до 22.30 часот, пренесува СДК.мк. Одлуката треба да се усвои на утрешната владина седница.

Ваквиот предлог на штабот доаѓа по падот на бројот на новозаразени, при што вчера беа регистрирани 105 новозаразени, додека активни се 14.276 случаи.

Полицискиот час засега почнува од 21 часот секој ден, освен во саботата кон неделата за Велигден кога тој не важеше, а притоа нема да важи ниту вечерта на 12 мај, за Рамазан бајрам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот