Кривичниот судија Владимир Туфегџиќ поднесе оставка

Владимир Туфегџиќ. / Фото: Архива на Слободен печат

Судијата од скопскиот Кривичен суд, Владимир Туфегџиќ на својот Фејсбук профил објави дека поднел оставка од функцијата.

Во образложението за ваквиот чекор тој вели:

“Денеска после долго размислување до Судскиот совет на РСМ поднесов барање за престанок на вршење на судиската функција по сопствено барање, заклучно со 01.12.2021 година. Судиската функција ја доживувам како престижна статусна функција која претставува предизвик, да се реализира судија од кариера преку постојано едуцирање и напредок во кариерата. Доколку не се оствари напредувањето во кариерата, како основна цел, мотив и двигател во секоја работа, особено на судиската функција, поради нарушен систем на вредности, тогаш започнува да се губи смислата и мотивот да се продолжи понатаму во истиот амбиент.

После престанокот на мандатот, мојата кариера ќе ја продолжам понатаму како дел од угледна адвокатска канцеларија и ќе продолжам да се залагам за воспоставување на вистинските вредности и вреднување, особено за целосно елиминирање на политиката и политичките влијанија во правосудството”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот