Критериуми на СЗО за ублажување на мерките против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО)  ги предупреди државите ширум светот да не ги укинуваат прерано мерките што се воведени заради спречување на ширењето на Ковид-19.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус наведе неколку неопходни критериуми до кои земјите треба да се држат при разгледување на укинувањето на мерките на (физичка) социјална дистанца, пренесоа светските медиуми.

Првиот критериум е преносот на вирусот  да мора да биде под контрола, а вториот е дека треба да постојат капацитети на здравствениот систем за откривање, изолација и лекување на пациентите.

Третиот критериум е ризикот од зараза во болниците и старските домови да се сведе на минимум, а четвртиот дека превентивните мерки мораат да бидат во сила и во училиштата и на работните места, наведе Тедрос.

Тој истакна и дека ризикот од увоз на болеста од странство треба да биде под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот