Модната куќа „Диор“ со нова „тарот“ колекција за сезоната пролет/лето 2021

Profimedia

Сакате да знаете нешто за својата иднина? За последната колекција на висока мода од модната куќа „Диор“, креативниот директор Марија Грација Чури со директорот Матео Гарон се инспирираа од убавината на тарот картите и нивното симболично влијание на куќата.

Profimedia
Profimedia

Ова можеше да се види во видеото за промоција на колекцијата, наречено „Замокот на тарот“. Во мистериозната бајка исполнета со ликови од тарот картите, главната протагонистка, Девојката го отклучува замокот откако ќе ја избере картата Папата, највисока женска свештеничка, како жена која симболизира висока спиритуалност, внатрешна убавина и голема мудрост.

Profimedia
Profimedia

 

Во замокот таа се среќава со ликови од картите Шутот, Умереноста, Обесениот и Ѓаволот, кои се облечени во модели на средновековна облека. Таа е извезена со златни нитки, цветни апликации, везени палта, надополнета со кадифени црни палта, наметки од златен жоржет, богати ѓердани.

Profimedia
Profimedia

Додека шета низ маѓепсаниот замок девојката доживува лична преродба, а приказната симболично ја опишува историјата на модната куќа „Диор“, која оваа година прославува 70-годишнина.

Profimedia
Profimedia

Инаку, за основачот на модната куќа, Кристијан Диор, се знае дека бил многу суеверен и имал амајлии што ги чувал, а пред секоја модна ревија сакал да му гледаат на тарот карти.

Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот