Кристалина Георгиева европски кандидат за шеф на ММФ

Архива на СП

Европската Унија за свој заеднички кандидат за шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја одбра 65-гидишната Бугарка Кристалина Георгиева.

Георгиева е извршен директорка на Светската банка, а агенцијата „Ројтерс“ забележува дека нејзината кандидатура ќе значи потреба од менување на правилото на ММФ што наложува „директорот да има помалку од 65 години“.

Против планот за избор на кандидат за директор на ММФ се изјасни Велика Британија, со образложение дека е „прерано“ и дека официјален Лондон немал доволно време да истакне свој фаворит, е наведено во еден доверлив документ што „Ројтерс“ го имал на увид.

Рокот за пријавување на кандидати за прв човек на ММФ е до 6 септември. На највисоката функција во глобалниот кредитор со седиште во Вашингтон по традиција беше Европјанин. Заинтереситаните, пак, од другите делови на светот можеа да стекнат предност за позицијата само во случај на расцепканост на стариот континент при изборот на адут.

Земјите од Северна Европа, на пример, го преферираа Дајселблум, а од југот и истокот на континентот се протежираа Георгиева, порача неименуван европски претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот