„КРАЖБА“ НА СП: Радост за Франција, Литванија лута кон судиите! (ВИДЕО)

fiba.basketball

Избраниците на селекторот Грег Попович дојдоа и до четвртата победа по ред на шампионатот и докажаа зошто се едни од главните фаворити за светското злато, а Французите можеби и добија „подарок“ од судиите во важниот триумф над Литванија.

Во првата четвртина се водеше рамноправна борба, Американците имаа предност од 19:17. Потоа, актуелните светски шампиони во вторите 10 минути имаа поцврста одбрана, примија само осум поени и така за првпат значајно се одлепија резултатски.

Во понатамошниот период не им дозволија на Грците да се приближат и до крајот само рутински ја одработуваа задачата.

Кемба Вокер кај победничката селекција уфрли 15 поени, колку што имаше и МВП од минатата сезона во НБА лигата, Јанис Адетокумпо во редовите на грчката репрезентација.

Драмата на мечот Франција-Литванија (78:75) буквално траеше до последната секунда. Се играше кош за кош во текот на целата средба, а на крајот „трилерот“ им припадна на француските кошаркари кои обезбедија пласман во четвртфиналето, додека Литванците ги „пакуваат куферите“.

Имаше еден сомнителен момент во самиот финиш, при водство на Французите од 76:75 на пола минута до крајот, Јонас Валанчиунас не реализираше слободно фрлање, и Руди Гобер во борбата за скок го допре обрачот, што според правилата би требало да биде кош за Литванците.

Но, судиите не се огласија и Литванците разочарани го завршуваат настапот. Во наредниот напад Нандо Де Коло погоди за два поени и го постави конечниот епилог.

За „триколорите“ прв стрелец беше Фурние со 24 поени, а во поразените редови се истакна Валанчиунас со 18.

По осум бодови имаат Франција и Австралија кои се најдоа помеѓу осумте најдобри репрезентации на СП и ќе решаваат за првото место во групата Л.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот