Кратовци прославуваа со компиријада

Во Кратово денеска се одржа традиционалната културна манифестација „Компиријада 2022“.
Настанот во организација на Општина Кратово се реализира под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– На централниот градски плоштад беа поставени десетина уредени штандови со традиционална храна направена од компир. Многубројни специјалитети, различни вкусови, слатки и солени, беа достапни за дегустација од страна на бројните туристи и посетители, но и на кратовчани, изјави Катерина Станковиќ од локалната самоуправа на Општина Кратово.

Според градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, манифестацијата привлекла голем број посетители кои дегустирале специјалитети направени од компир.

Општината додели и награди за најдобро уреден штанд и најдобар специјалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот