Кралот Чарлс III и кралицата Камила пристигнаа во Бакингемската палата

Кралот Чарлс III и кралицата Камила пристигнаа во Бакингемската палата додека светот го чека неговото историско крунисување. Монархот се насмевна на огромната толпа која навива и вее знамиња.

На кратко возење од Кларенс Хаус, 74-годишниот Крал изгледаше свечено и замислено на несомнено најголемиот ден во неговиот живот. Високи членови на кралското семејство пристигнаа околу 20 минути подоцна, вклучувајќи го и принцот Ендру.

Крунисувањето на кралот Чарлс само што започна, а некои високи гости веќе пристигнаа во Вестминстерската опатија. Во клупите на Вестминстерската опатија, фотографи и бројни камери веќе фатија некои познати личности како актери и пејачи. Актерката Џуди Денч беше меѓу првите кои пристигнаа во опатијата, тука се и пејачот Ник Кејв актерката Ема Томпсон и Стивен Фрај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот