Кралот Чарлс и Камила денеска слават 19 години брак: Кралицата Елизабета не присуствувала на венчавката, поради неа прекршил правило

Кралот Чарлс и кралицата Камила / Фото: Instagram / theroyalfamily

Британскиот принц Чарлс и Камила Паркер Боулс се венчаа во зградата на општината во Виндзорна денешен ден, пред точно 19 години.

Тоа беше првпат наследник на британската круна да склучи граѓански брак. На венчавката во општината присуствувале само 28 членови на семејството, а по дваесетминутната церемонија, парот отишол во капелата на замокот Виндзор, каде што ги благословил нивниот свештеник, надбискупот Вилијамс.

Кралицата Елизабета Втора не присуствувала на граѓанската венчавка во општината, но присуствувала на благословот во капелата.

принц чарлс
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Се запознале кога Чарлс имал 24 години

Чарлс и Камила ги запознала заедничка пријателка, на која некогаш, исто така, ѝ се допаѓал сегашниот крал.

По година ипол блиско пријателство, работите станале романтични. Тие си пишувале љубовни писма и воделе долги разговори пред спиење. Чарлс не можел да одолее на нејзиниот послободен начин на живот, грижата за коњите и ловот, како и уживањето во животот кој бил надвор од рамките на престижот.

Меѓутоа, ниту почетокот на нивната љубовна врска не бил лесен, со оглед на тоа што Камила била во врска со Ендрју Паркер Боулс од нејзината 17-та година. Проблемот настанал кога правилата на кралското семејство го потсетиле младиот Чарлс дека не е дозволено идниот крал да се ожени со жена која не е „чиста“. Тоа е првото правило кое се почитува кога станува збор за брак на машки член на кралското семејство.

Чарлс набрзо заминал во војска, а Камила одлучила да се омажи за Ендру.

По враќањето од војска останал во добри односи со Камила, која веќе станала мајка.

принц чарлс, камила
Фото: EPA-EFE/SEAN GALLUP

Средба со леди Дијана

Додека бил во врска со леди Сара Спенсер, ја запознал нејзината помлада сестра леди Дијана, која на 16 години го фасцинирала со својата убавина. Наскоро романсата со леди Сара згаснала, но започнала со Дијана.

Меѓутоа, сè до свршувачката со Дијана, Чарлс имал афера со Камила.

По нивната венчавка во 1981 година, на нивниот меден месец, принцезата Дијана пронашла љубовни писма со двојно C, кои ја претставуваат комбинацијата на имињата Чарлс и Камила (Charles, Camilla). Години подоцна, нивниот брак се распаднал, Дијана во некои од подоцнежните интервјуа признала дека знаела за нив цело време.

На почетокот на 90-тите, бракот помеѓу Дијана и Чарлс се распаднал и во јавноста излегле пораките со Камила.

По трагичната смрт на принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз, Чарлс ја обнови врската со поранешната љубовница Камила Паркер Боулс, која многумина во Британија во тоа време ја сметаа за одговорна за разводот на Дајана и Чарлс.

Сепак, многумина беа изненадени од леснотијата со која таа се вклопи во кралското семејство. Особено близок однос има со Кејт Мидлтон.

Од љубовница до кралица

Камила, сопругата на британскиот крал Чарлс Трети, ја доби титулата „кралицата сопруга“.

Иако повеќето луѓе ја мразат, Камила одлично се сложува со останатите членови на кралското семејство. Таа посветено ги извршува обврските во кралското семејство и со текот на времето успеа да ги освои симпатиите на јавноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот