Кралицата Елизабета: Приоритет на британската влада е да ја напушти ЕУ до 31 октомври

profimedia
профимедиа

Кралицата Елизабета Втора денеска изјави дека приоритет на британската влада е да ја напушти Европската Унија до 31 октомври.

Зборувајќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржала планот на премиерот Борис Џонсон да се „работи на ново партнерство со ЕУ, базирано на слободна трговија и пријателска соработка“, пренесува Ројтерс.

Таа додала и дека британската влада, по излегувањето од ЕУ, ќе обезбеди државата и натаму да има водечка улога во решавањето на светските проблеми, како и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесува „Би-Би-Си“.

– Мојата влада ќе биде во првите редови при решавањето на најкомплексните меѓународни безбедносни прашања – рекла кралицата.

По говорот, кралицата Елизабета Втора се вратила во Бакингемската палата, а меѓу присутните во парламентот, можела да се забележи и поранешната премиерка Тереза Меј, јавува „Би-Би-Си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот