„Кралевите“ имаат план: Анчелоти пред сензационално враќање во Реал Мадрид?!
Станува интересна трката за тренерската клупа на Реал Мадрид, според шпанската „Марка“ нов кандидат да го наследи Зинедин Зидан е Карло Анчелоти.
Моментно е менаџер на Евертон, тој е третиот Италијанец кој се поврзува со „кралскиот“ клуб.
И во минатото го водеше Реал, од 2013 од 2015 година, ги освојуваше Лигата на шампионите, Копа дел Реј, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
Претходно се шпекулираше името на Масимилијано Алегри кој подоцна се врати во Јувентус, како и името на Антонио Конте кој го напушти Интер.
Други кандидати за клупата на Реал се тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, потоа кормиларот на Кастиља, Раул Гонзалез и Чаби Алонсо кој го води Б тимот на Реал Сосиедад.