Ковачки до Пендаровски: Знаеш да одмораш во вилата во Охрид, но нема пари за маратонот

Фото: Фејсбук, Драган Ковачки/Стево Пендаровски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки со објава на социјалните мрежи го сподели својот став за одлуката на Националната пливачка федерација годинава да не се одржи Охридскиот пливачки маратон.

„Добро бе бандо предавничка, а бе до толку ли сте забегани да го уништите и охридскиот пливачки маратон?

Стево, претседателе, што и да си, покровител си на маратонот, нели ти е срам да го уништуваш тоа што некој ти го оставил, а ти си требало само да го продолжиш? Значи никој не бара од тебе да измислуваш нешто ново, туку само да го продолжиш децениското наследство. Нели ти е срам да излезеш во јавност после ваков кикс? Па, јубилеј од 60 години требало да се прослави оваа година, ама тоа тебе и на твоите не ви е важно. Знаеш да одмараш во вилата во Охрид, ама пари за маратонот нема!

Како може да има пари за прослава на ДУИ која ништо не значи и на која се исвиркува македонскиот јазик, а да нема пари за охридскиот пливачки маратон?

Стево, свесен ли си колку си грешен? Македонија немала послаб претседател на држава! Македонија нема претседател на држава“, стои во објавата на Ковачки.

Реакцијата доаѓа по објавата на шефот на државата Стево Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план.

Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот