Ковачевски: Владата реагира навремено и ефикасно во енергетската криза

Димитар Ковачевски на Топ Тема/Фото: Скриншот ТВ Телма

Мерки за ублажување на последиците од глобалното покачување на електричната енергија започнаа уште минатата година преку намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а во периодот што следи ќе следуваат нов пакет мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова вечерва го соопшти претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски, кој смета дека треба да се направи анализа во однос на начинот на кој беше пресретната оваа енергетска криза.

-Министерството за финансии, каде јас бев директно вклучен, веќе на првите знаци на покачувањето на цената на енергенсите, веднаш интервениравме со намалување на стапката на ДДВ за електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5 проценти. И кога видовме дека цената на електричната енергија не застанува, туку напротив расне, тогаш веќе почнавме со обезбедување ликвидни средства и со давање наредби до сите производствени капацитети да бидат пуштени во погон со цел да се обезбеди електрична енергија од домашно произвидство, рече Ковачевски во дебатната емисија „Топ тема” на ТВ Телма.

Од тој аспект, како Влада, како што рече, реакцијата беше брза и навремена.

Појасни дека ТЕЦ Неготино не се раективира првпат, таа и во минатото беше реактивирана кога постоеше една помала енергетска криза, се со цел да биде пуштен во системот. Овој пат, вели, тоа се изведе на добар начин, беше добро синхронизирано пуштањето и немаше последици по однос на елетропреносната мрежа.

Ковачевски нагласи дека нема дилеми и дека сите одлуки ги носеле заедно со министерот Фатмир Бесими врз основа на анализи кои се однесуваат на краткорочно и среднорочно движење, на факторите кои влијаат на одредени даноци.

-Ова не беа единствени даночни олеснувања во однос на електричната енергија кои беа донесени. Ние носевме даночни олеснувања и во однос на занаетчиските услуги, даночни намалувања и во однос на угостителскиот сектор, кога тоа беше потребно, рече Ковачевски. Додаде дека имаат експерти со големо искуство во МФ и кои секојдневно ги следат движењата на цените на енергенсите.

Според него, врз основа на тие анализи и овие одлуки кои важат во одреден временски период ќе бидат подложни на анализа, можеби и на промена. Тоа сепак, како што рече, ќе зависи и од движењето на цените на пазарот.

-Сега се уште сме далеку од јуни, практично шест месеци бидејќи за една таква измена дали ќе останеме на истата стапка на враќање до 10 проценти или ќе останеме на пет проценти ќе зависи од движењето кое го гледме секојдневно, веројатно во март и април ќе оцениме како ќе продлжиме во однос на стапките, рече Ковачевски.

Најави дека работат на сеопфатно решение за заштита на граѓаните од поскапувања, но и за да се обезбеди парно греење во Скопје.

-Владата, надлежните институции преземаат конкретни чекори за надминување на последиците од енергетската криза. Работиме на сепфатно решение за заштита на граѓаните од поскапувањата. Активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија. Вчера на владина седница беа обезбедени дополнителни 670 милиони денари за АД ЕСМ за производство на електрична енергија и вложување во проекти во обновиливи извори на енергија со што ќе го подобри билансот на произведена електрична енергија. Веќе почнавме со обезбедување на ликвидни средства и да обезбедиме парното греење во Скопје, рече Ковачевски.

Додаде дека државата има обврска од Буџетот, кој се полни од граѓаните и компаниите, да ги заштити оние најранливи категории граѓани особено во време на вакви кризни периоди, дека тоа државата го прави и ќе продолжи да го прави преку нов сет на мерки кои имаат за цел да го заштитат животниот стандард на граѓаните, меѓу нив веќе се одлуките за субвенционирање на сметките за електрична енергија, како и субвенционирање на разликата во цената на парното греење во Град Скопје.

-Ние како Влада нема да дозволиме граѓаните на Град Скопје да останат без парно иако парното греење е комунилна услуга за која што надлежност има и градот Скопје меѓутоа очегледно дека и по вчерашните прес-конференции и денешните кои што ги слушнавме градот Скопје не планира да учествува во помош во однос на одржувањето на парното греење во градот Скопје, нагласи Ковачевски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот