Ковачевски се сретна со Брнабиќ: Важно е двете земји да работат на билатералните односи и успешно да ги надминуваат сите разлики

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Белград, денеска се сретна со српската колешка Ана Брнабиќ. Како што информира владината-прес служба, на средбата бил направен пресек на актуелните и претстојните активности и проекти меѓу двете земји, со акцент на економски и инфраструктурен план.

Премиерите Ковачевски и Брнабиќ го поздравија одличниот развој на билатералните односи и констатираа дека просперитетот и стабилноста на целиот регион, како и неговата европска интеграција се засновани на добрите билатерални односи, поради што од исклучителна важност е двете земји континуирано да работат на истите и успешно да ги надминуваат сите разлики – се вели во соопштението.

Фото: Влада на РСМ

Претходно, Ковачевски и Брнабиќ присуствуваа на потпишувањето на Меморандумот за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје, што го потпишаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ.

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје

Ковачевски го поздравил одржувањето на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан” во Белград, а се разговарало и за одржувањето на специјализираната меѓународна изложба ЕКСПО 2027 во Белград, на која ќе биде претставена и Македонија.

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот