Ковачевски: Јас и Кирил сме нови премиери и имаме силна желба да успееме во оваа наша амбиција

Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил со оценка дека денешната заедничка седница на владите на Северна Македонија и Бугарија во Софија е успешна и плодна и очекува веќе за шест месеци конкретни резултати од работните групи во сите области.

– Денеска имавме успешна и плодна седница на двете Влади. Ги формиравме петте работни групи и започнуваме со реализација на проекти од интерес на граѓаните на двете земји. Ваквата соработка ќе значи зближување на двете држави и конкретни придобивки за поквалитетен живот на нашите граѓани. Она што сакам да го истакнам е дека членови и копретседавачи на овие групи во најголем дел се министрите во двете влади. Со тоа обезбедуваме силна политичка поддршка за имплементација на зацртаните проекти, која ќе резултира со силен интензитет и брза реализација. Очекувам веќе за шест месеци во сите области да покажеме конкретни резултати, стои на фејсбук статусот на Ковачевски.

Тој додава дека денешните средби со премиерот Петков и министрите од двете Влади, го увериле дека постои волја кај двете страни за брз напредок во меѓусебните односи.

– Јас и Кирил сме нови премиери, и имаме одговорност, но и силна желба да успееме во оваа наша амбиција. Силно верувам дека ова ново поглавје во односите меѓу нашите две пријателски земји ќе донесе напредок, развој и долгорочни придобивки за двата народи, вели премиерот Ковачевски забчагодарувајќи се уште еднаш за гостопримството на бугарскиот колега Петков.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот