Косовските навивачи се спремни, европскиот сон нема да застане во Скопје!

фото: фејсбук

Популарните „Дардани“ го најавуваат историскиот меч и очекуваат на ова гостување фудбалерите на Косово да имаат огромна поддршка на патот кон ЕП 2020.

Иако остана уште нешто повеќе од еден месец до полуфиналниот меч од Лигата на нации за пласман на ЕП 2020 меѓу Македонија и Косово на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“, возбудувањата секојдневно растат кај љубителите на фудбалот и воопшто спортот.

Победникот од овој дуел на 31 март во Грузија или Белорусија против истоимената репрезентација ќе игра во финалето како последна пречка за настап на континенталниот собир годинава.

Веќе се преземаат сите безбедносни мерки од Македонската и Косовската фудбалска федерација овој важен меч од секаков аспект да помине во најдобар ред на и вон стадионот.

ФФМ објави дека билетите за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари, а воедно ќе обезбедат билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената.

Освен македонските, се подготвуваат и косовските навивачи , популарните „Дардани“ кои преку фејсбук страница го најавија дуелот:

„Не остана уште многу време до историскиот меч против Македонија. Косово ќе се сретне со оваа репрезентација на 26 март, во полуфиналето од плејофот на Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2020.

Ние „Дардани“, навивачите на Косово, секогаш и секаде даваме поддршка на нашите фудбалери. Но, овој пат во многу поголем број за разлика од претходните натпревари на гостински терен.

Затоа, ги повикуваме фановите да ги поминат процедурите за индивидуалните билети за овој голем натпревар.

„Дарданските лавови“ нема да бидат сами, ќе го имаат 12-тиот играч на трибините. „Дарданските лавови“ никогаш не се предаваат, европскиот сон нема да застане во Скопје.

Доаѓаме на 26 март на самиот ден кога ќе се одигра и натпреварот, организирани од сите градови на Косово заеднички со автобуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот