Косово забрани емитување на „Арена Спорт“, се нарушувала безбедноста на земјата

Фото: Арена Спорт

Независната комисија за медиуми на Косоов одлучила да го забрани емитувањето на програмите на „Арена Спорт“ на територијата на Косово.

Според изјавата на претседателот на комисијата Јетон Мехмети одлуката е донесена затоа што на овие канали се емитувала содржина која е во спротивност со прописите на Косово.

„Станува збор за пренесување видео пораки од Србија кои содржат славење на нападот на северот и имаат заканувачка порака за граѓаните на Косово што е во спротивност со прописите и ја нарушува сигурноста на земјата“, изјави Мехмети.

На територијата на Косово програмата на „Арена Спорт“ ја емитуваа кабловските оператори „Artmotion“, „IPKO“, „Kujtes“, „Telkos“ и „MTS“. Преносот на овие оператови веќе е прекинат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот