Косово од ФФМ бара повеќе билети за баражот во Лигата на Нациите

Фото: ФФМ

Баражот натпреварот во Лигата на Нациите помеѓу Македонија и Косово ќе се одржи на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, во Приштина одржа средба со претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, на која беше разговарано за претстојниот бараж натпревар од Лигата на нациите.

Македонија и Косово на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе играат во полуфиналето на групите Д од Лигата на Нациите, а победникот ќе игра во финалето со подобриот од вториот дуел Грузија – Белорусија, по што победникот ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

Адеми од претседателот на ФФМ, Сејдини, побарал и зголемување на бројот на влезници за гостинските навивачи, со цел репрезентативците на Косово да имаат што поголема поддршка на Националната Арена „Тодор Проески“.

– На состанокот со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за организациските прашања за мечот во март, а пред сè за делот околу билетите, местото каде ќе бидат сместени нашите навивачи. На нашето барање да добиеме повеќе билети, Сејдини најави дека ќе се разговара за тоа прашање на Управиот одбор на ФФМ, но јас се надевам дека ќе имаме многу повеќе билети од петте отсто што ни следуваат. Убеден сум дека ќе добиеме многу повеќе. Нашите барања се големи и сакаме да добиеме што е можно повеќе влезници – изјави Адеми за порталот „Зери“.

ФФМ наскоро се очекува да ги обелодени сите детали од начинот на купување на влезници за историскиот меч, нивната цена, како и детали околу самата организација на пресметката на патот кон историски пласман на Евро 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот