Косово и Србија на нова рунда преговори во понеделник во Брисел

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, ќе допатуваат во Брисел во понеделник за нова рунда преговори на највисоко ниво под покровителство на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Јосеп Борел, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврди портпаролот на Борел, Петер Стано, на редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија.

– Оваа средба е дел од процесот на договор за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и ќе се занимава со две теми: аранжманите на немнозинските заедници и решавањето на прашањата за взаемни финансиски барања и сопствеништво“, рече Стано, иако не беше во можност да прецизира што точно се подразбира под овие термини.

Стано истакна дека „нема да навлегува во детали пред почетокот на средбата”, и дека целата е да се разговара за сите „отворени прашања околу кои постојат различни или спротивставени гледишта”.

Пред состанок во понеделник, Мирослав Лајчак викендов ќе одржи средби на експертско ниво на кои ќе се разговара за раселените и исчезнати лица како и за економската соработка помеѓу двете страни.

– Целта е да ги заклучиме што е можно побргу сите теми, рече Стано, преку градење мостови помеѓу ставовите на двете страни.

Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово има за цел да вроди со законски обврзувачки договор за двете страни, договор кој е клучен и за ЕУ перспективата на двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот