Кошаркарска Европа ја чека одлуката на Бертомеу

фото: твитер

Потегот на играчите во неделата ги шокираше првите луѓе на најсилното европско клупско натпреварување…

После состанокот на клубовите ќе биде познато дали ќе продолжат натпреварите од оваа сезона во Евролигата и Еврокупот. Првиот човек на Евролигата, Жорди Бертомеу е пред голема и тешка одлука откако играчите го кажаа своето, односно „не“ за продолжување на мечевите во најсилното натпреварување на Стариот континент.

Епилогот на состанокот ќе биде познат денеска околу 16,30 часот, кога Бертомеу ќе одржи прес-конференција. Клубовите со А лиценца ќе ја донесат одлуката, ги има 11 и од нивните гласови сè ќе зависи.

Првиот состанок во неделата не помина како што се очекуваше. Играчите истакнаа дека сакаат натпреварувањето да прекине и дека немаат намера да играат. Овој нивни потег ги шокираше челниците на Евролигата. Кога сфати што се случува, Бертомеу кратко порача:

Вие не одлучувате, гласаат клубовите – се зборовите на првиот човек на Евролигата.

До прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 поради пандемијата на коронавирус, во генералниот пласман на првата позиција се наоѓаше турскиот Анадолу Ефес (24-4), пред шпанските великани Реал Мадрид (22-6) и Барселона (22-6), на четвртото и петтото место ЦСКА (19-9) и Макаби Тел Авив (19-9)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот