Кошаркарите не сакаат да продолжи Евролигата

фото: euroleague.net

Кошаркарите се загрижени поради ситуацијата со коронавирусот и сметаат дека постои голем ризик од повреди доколку продолжи сезоната во текот на летото.

Евролигата во кооперација со ЕЛПА (Унијата на играчи на Евролига) одржа состанок со претставниците на играчите од сите преостанати тимови од елитното натпреварување и Еврокупот.

Новинарот на „Еурохупс“, Никос Варлас, соопшти дека состанокот е одржан со взаемно почитување и дека претставниците на играчите и челниците на Евролигата имаа конструктивен разговор.

Се вели дека поголемиот дел од играчите ја изразија желбата за целосен прекин на сезоната.

Кошаркарите се загрижени поради ситуацијата со коронавирусот и сметаат дека постои голем ризик од повреди доколку продолжи сезоната во текот на летото.

Конечната одлука ќе биде донесена в понеделник на 25 мај. До прекинот на сезоната после 28 кола водеше Анадолу Ефес (24-4), пред Реал Мадрид (22-6) и Барселона (22-6)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот