Кошаркарите против Швајцарија го стартуваат претквалификациите за СП 2023

Фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација го дозна распоредот на натпревари во претквалификациите за Светското првество 2023 година. 
На вчерашниот состанок на Бордот на ФИБА, покрај одлуката претквалификациите за Светското првенство закажано за 2023 година да се одиграат во балон-систем, одреден е и распоредот по кој ќе се одиграат натпреварите.

Кошаркарите се наоѓаат во Групата Ф заедно со селекциите на Швајцарија и Словачка, а натпреварите ќе се играат од 12 до 18 август.

За сега не се одредени домаќините-организатори на балоните. ФИБА оваа одлуа ќе ја донесе и објави во периодот од 7.-11. јуни 2021 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
12.08.2021 (четврток)
Македонија – Швајцарија

14.08.2021 (сабота)
Словачка – Македонија

16.08.2021 (понеделник)
Швајцарија – Македонија

18.08.2021 (среда)
Македонија – Словачка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот