Кошаркарите од утре ги започнуваат подготовките за „меурот“ во Естонија

фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација на Македонија утре ќе ги започне мини-подготовките за ноемврискиот ФИБА прозорец, и натпреварите на турнирот кои ќе се играат во „меурот“ во Талин, Естонија.

Првиот собир, селекторот Александар Тодоров ќе го има утре во 18. часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, каде ќе се тренира се до предвиденото заминување за Естонија.

Комплетниот список на кандидати кои ќе бидат вклучени во работата со сениорската репрезентација во овој циклус од квалификациите за Европското првенство во 2022 година, ќе биде официјализиран откако ќе бидат извршени задолжителните тестирања на коронавирусот.

Во Скопје ќе бидат одработени вкупно четири тренинзи, а на 23. ноември, во раните утрински часови е планирано тргнувањето за Талин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот