Кошарка во Токио: „Фуријата“ рутински ја реши Аргентина

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Селекцијата на Шпанија ја победи Аргентина со 81:71 во второто коло од груата Ц на Игрите во Токио. Со оваа победа „црвената фурија“ си обезбеди пасман во нокаут фазата бидејќи има две победи по две кола и во последното коло од групната фаза ќе игра против Словенија за првото место. Аргентина и Јапонија имаат по два порази и во меѓусебната пресметка ќе го бараат пласманот во следната фаза.

Слично како и во финалето на Мундијалот во 2019 година, Шпанија немаше големи проблеми против Аргентинците. „Гаучосите“ подобро го започнаа натпреварот и поведоа со 12:3, но Шпанија брзо успеа да се врати во игра и прашање на време беше кога ќе воспостави контрола и врз резултатот и врз играта. Тоа се случи пред крајот на полувремето кога со серија од 7:0, Шпанија дојде до предност од 40:34 и до крајот на средбата не го испушти водството.

Најзаслужен за победата на Шпанија беше Рики Рубио со 26 поени и пет скокови, додека Серхио Љуљ даде 10 поени. Кај Аргентинците најдобар беше Никола Лапровитола со 27 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот