Коронавирусот се врати во Црвена звезда, позитивни дури шест фудбалери

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалскиот шампион на нашиот северен сосед потврди дека дури шест фудбалери се позитивни на ковид-19.

Црвена звезда објави дека дури шест фудбалери се позитивни на коронавирус и поради тоа ќе ја пропуштат првата фаза од подготовките за новата сезона.

„Црвена звезда сака да ја извести јавноста дека по тестирањето на играчите пред почетокот на летните подготовки, шест фудбалери се позитивни на коронавирус: Срѓан Спиридоновиќ,Вељко Николиќ, Страхиња Ераковиќ, Марко Гобељиќ, Бранко Јовичиќ и Душан Јованчиќ“, стои во сооштението на Црвена звезда.

Клубот денеска одлучи повторно да реагира и им забрани на сите фудбалери кои се позитивни на ковид-19 да излегуваат од самоизолација и доколку не ги послушаат наредните ќе следуваат казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот