Коронавирусот ја одложи седницата за предметот „27 април“

27 април

Дополнително странките и јавноста ќе бидат известени за денот на одржување на седницата.

Јавната седница закажана за ден 18,19 и 20 март по предметот познат во јавноста како „27 Април“ се одложува во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, соопшти Апелацискиот суд Скопје.

Одложувањето, како што се наведува во соопштението на Судот, е поради тоа што не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки. Дополнително странките и јавноста ќе бидат известени за денот на одржување на седницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот