Коронавирусот ги поместува плановите на Путин: Можно одложување на гласањето за измените на Уставот во Русија

Гласање за измените на Уставот на Руската Федерација би можело да биде одложено заради заканите за јавното здравје при ширењето на коронавирусот, изјавила шефицата на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова.

Таа на состанокот на Комисијата истакнала дека здравјето на луѓето е најважно и дека не е во интерес на Комисијата гласањето по секоја цена да се одржи на 22 април, како што тоа беше планирано.

– Доколку нивото на закана по јавно здравје порасне до 22 април, гласањето ќе биде одложено – ркела Памфилова.

Претседателот на Русија Владимир Путин вчера потпиша указ со кој се одобрува одржување на гласањето на 22 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот