6 C
Скопје

Короната ги одложува судењата, но не ги спасува обвинетите

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во неколку случаеви на јавното обвинителство денеска не дојде во суд на рочиштето за предметот „Траекторија“. Причината за недоаѓањето е неговата самоизолација, откако имал контакт со заболен од коронавирус.

Случајот „Траекторија“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Во оваа афера обвинети се Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на Ј.П. „Државни патишта“ Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола Груевски.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Прочитајте и...  ФИТР: Македонскиот стартап екосистем е наш стратешки приоритет

Јанакиески е обвинет и во „ТНТ“, „Талир“, „Титаник“, „Топлик“, „Шпански скали“, а е првостепено осуден за „Шамарите во Центар“. Без разлика, велат од обвинителството, што Јанакиески е во самоизолација, во ниту еден од предмет за скоро време не му застарува делото по кое тој е обвинет.

Судските процеси за поранешниот директор на сега веќе згаснатата УБК, Сашо Мијалков кој е болен од коронавирус се времено одложени. Мијалков е обвинет во случајот за незаконско следење на комуникациите, односно во предметот „Таргет-Тврдина” кој според судот треба да продолжи на 3 ноември. За скандалот со прислушувањето, обвинети се вкупно 12 лица, а меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Токму Мијалков е обвинет и во „Tрезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“. За случајот „Таргет-Тврдина“ во февруари догодина застарува едно од трите кривични дела за кои тој е обвинет, односно станува збор за делото примање награда за противзаконско влијание, дело за кое е предвидена казна затвор до три години. Без разлика што до тогаш ова дело ќе застари, наместо за три кривични дела, судот ќе му се суди за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.

Прочитајте и...  СДСМ: После двете заушки од странство Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ

На времен „одмор“ е и процесот за организаторите на „27 април“. Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски се во самоизолација откако и двајцата имале контакт со лица заболени од коронавирус. Во овој случај освен Вељаноски и Ристовски, обвинет е и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

И Мартин Протуѓер, поранешен шеф на кабинетот на Никола Груевски е позитивен на тестот направен за ковид-19. Нему му се суди за случајот „Титаник“. Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство, за овој предмет сомничи 20 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

Во рацете на обвинителите од републичкото Јавно обвинителство се и предметите кои ги имаше сработено СЈО пред згаснувањето, а судска постапка не е започната. Станува збор за аферите „Пациент“, „Империја“, „Моќник“, „Актор“, „Транспортер 2“, „Поштенска банка“, „Пропаганда“, „Дизајн“, „Подарок“, „Хармонија“, „Друмарина“, „Странски служби“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Табала“ и „Базни станици“.

Поврзани вести

Временска прогноза: Сончево со слаб ветер, по котлините магла

Слободен печат

Додик до Инцко: Ајде мајсторе да видам како ќе ме смениш

Слободен печат

Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19

Слободен печат

Бугарските историчари во Комисијата инсистираат да не се споменува ништо „македонско“

Слободен печат

Тие нам вето, ние ним добра волја

Соња Христовска Угриновска

Русино прво ќе го направиме санитарна депонија, па потоа ќе го затвориме

Југослава Дуковска

Остави Коментар