Корисни трикови: Тајната на совршеното рижото

Profimedia

Рижотото е омилено јадење во кое било годишно време и во кој било дел од светот. Но за да подготвите рижото како вистински мајстор, потребно е да знаете неколку едноставни трикови.

Покрај тоа што многумина го сакаат, рижотото, лесно се подготвува и не е потребно долго готвење. Може да биде едноставно и вкусно, посипано со малку пармезан. Тоа значи дека за негова подготовка не морате да бидете врвен готвач.

Можете слободно да експериментирате со разни вкусови и да комбинирате сè од морски плодови со зеленчук, маслинки, домати, па до пилешко и разни кашкавали.

профимедиа

Пригответе домашна супа

Тајната на доброто рижото е во супата. Колку е таа поквалитетна, толку ќе биде повкусно рижотото. Најдобро е сами да ја подготвите, но можете и да купите полуготова бистра супа од ќесичка и само кратко да ја зовриете во врела вода.

Пилешката супа најчесто е добар избор за јадења како рижотото, но некои готвачи велат дека поважно е супата да им одговара на другите состојки што ќе ги користите, како месо или зеленчук.

За да добиете добра текстура на рижотото, важно е да го изберете вистинскиот ориз. Арборио оризот (со кратко зрно) е еден од најдобрите бидејќи содржи најмногу скроб. Кога на овој ориз ќе му додадете течност и ќе го мешате, скробот се ослободува и се создава кремаст слој што ги поврзува состојките, а не се создаваат грутчиња. За да бидат вкусни зрната ориз, а не кашести, може да ви помогне база „софрито“, која се подготвува од лук, кромид и путер. Оризот треба да се пропржи во оваа база со лесно мешање, пред да се додаде течноста, бидејќи таа спречува оризот да стане кашест, но сепак да впие доволно течност. Оризот не мора да го варите пред да го готвите, а ризотото треба да биде готово за 20-25 минути.

Купете квалитетен бакарен лонец

За подготовка на рижото користете голема широка тава, а целото дно треба да биде еднакво загреано. Некои професионални готвачи советуваат дека оризот е најдобар ако се готви во бакарен лонец. Затоа купете еден поквалитетен лонец, кој подоцна ќе го користите и во приготвување на други деликатеси.

Супата загрејте ја пред да ја налеете во оризот и држете ја топла. Причина за тоа е што ладната супа на врел ориз предизвикува зрната во средина да останат тврди и недоварени. Количината на супа сами ќе ја процените, а можете да додавате по малку додека оризот биде сварен и кремаст. Супата е подобро да се додава повеќепати отколку да се стави наеднаш цела, бидејќи така рижотото ќе стане кашесто.

Освен супа можете да додадете и малку бело вино. Црвеното вино не се препорачува, бидејќи може да му даде горчлив вкус на рижотото. Секако при изборот на бело вино, решете се за квалитетно. Познато е дека можете да користите домати. Без разлика дали сте ставиле вино или домати, на крајот во рижотото додајте малку путер за да ја ублажите киселоста. Од масла, најдобар избор е маслиновото. Рижотото се послужува веднаш штом е готово, а освен пармезан можете да додадете и свеж босилек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот