Кореа и Врсаљко се заразените играчи во Атлетико Мадрид

фото: твитер

Атлетико Мадрид на својот веб сајт објави дека Анхел Кореа и Шиме Врсаљко се позитивни на коронавирус.

Шпанскиот клуб вчера ја информираше јавноста дека пред патувањето за Лисабон, две лица биле позитивни на тестовите за коронавирус.

Во денешното официјално соопштение се додава дека останатите членови на првиот тим биле тестирани повторно и дека сите се негативни, и ќе патуваат за Португалија во вторник за четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите.

Екипата ќе се врати на тренинг ова попладне во отсуство на Анхел Кореа, кој останува во домашна изолација. Шиме Врсаљко, кој е надвор од тимот поради повреда, исто така, не чувствува симптоми и ќе остане дома. Лекарите ќе ја следат состојбата на двајцата играчи – соопшти клубот.

21 играч од првиот тим и Алекс дос Сантос, Ману Санчез, Рикелме и Тони Моја од академијата ќе патуваат во Португалија.

Дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг ќе се одигра на 13 август (четврток, 21.00 часот) на стадионот „Да Луж“ во Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот