Атлетико во проблеми пред ЛШ: Двајца позитивни на коронавирус!

твитер

Атлетико Мадрид е во проблеми пред четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Лајпциг.

Шпанскиот фудбалски клуб потврди два позитивни случаи на коронавирус во своите редови непосредно пред новиот меч во ЛШ.

Не е познато дали заразени се играчи или членови на стручниот штаб, откако клубот таа информација не сакаше да ја соопшти.

За четири дена, односно на 13 август во Лисабон екипата на Атлетико ќе ги одмери силите против Лајпциг за пласман во полуфиналето.

Сега е главно прашање дали ова ќе влијае на одигрување на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот