Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци призна вина пред судот и доби условна казна затвор од две години, ако во наредните пет не го повтори делото како и забрана за работа од пет години.

Судијката Славица Андреевска го осуди гостиварецот за несовесно работење, бидеќи, иако знаел дека дека има вграден уред за лажирање на брзината во автобусот на „Дурмо турс“, издал потврда за извршена проверка.

Обвинетиот бил одговорен во фирмата, која е инспекциско тело со посебно овластување за вршење работи на инсталирање, проверки, контрола, поправка на аналогни тахографи и сертификат за акредитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот